Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, зборуваше за ситуацијата со договорот на Килијан Мбапе, што истекува на крајот од сезонава.
Поради таквата ситуација, Мбапе веќе може да преговара со која било друга екипа за ангажман за идната сезона како слободен фудбалер.
Во фудбалот, ситуацијата со неговиот договор може да влијае на играчот ако тој не е доволно зрел. Мбапе нема таков проблем, тој веќе е прилично зрел фудбалер. Се надеваме дека Килијан уште долго ќе остане во клубот. Во оваа ситуација, одлуката мора да ја донесат двете страни. Се надевам дека Мбапе ќе игра оваа година како и минатата и дека решението на проблемот ќе биде позитивно и за него и за нас – изјави Покетино за „Франс 24“.
Во сезоната 2021/22, Мбапе одигра 24 натпревари за ПСЖ, постигна 15 гола, а имаше и 15 асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.