Аргентинскиот тренер Маурисио Покетино го именуваше местото каде сака да ја продолжи кариерата.
Тој наскоро и официјално ќе си замине од функцијата тренер на Пари Сен-Жермен.
Според „The Telegraph“, фудбалскиот стручњак планира да води еден од врвните клубови во Англија.
Сепак, Покетино прво има намера да направи мала пауза во кариерата.
Претходно, веќе работеше во Англија, како тренер на Тотенхем.
Педесетгодишниот Покетино го презеде водството на ПСЖ во јануари 2021 година. Тренерот со парижаните ги освои шампионатот, Купот и Суперкупот на Франција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.