Фудбалерот од средниот ред на Јувентус и француски репрезентативец, Пол Погба, кој побара отворање истрага за „обид за изнуда“, веќе платил значителна сума пари, односно 100.000 евра за да се обиде да се договори со своите изнудувачи.
Погба не ги има откриено сите свои тајни за овој случај. Жртва на закани и обиди за изнуда од неговиот постар брат и другарите од детството, како што напомена за време на сослушувањето со полицијата по отворањето на истрагата во август, на криминалците им платил 100.000 евра.
Според „Франс инфо“ сумата била платена во март 2022 година, кога изнудувачите му се заканиле на фудбалерот на маргините на меѓународна средба на селекцијата на Франција.
Според француските новинари, кои имале пристап до досието, Погба, соочен со инсистирањето на неговите пријатели од детството, кои барале 13 милиони евра за „остварена услуга“ од кои три да бидат веднаш исплатени, се обидел да ја повлече оваа сума. Но, неговите банкари одбиле, по што Погба, сепак успеал да повлече 100.000 евра пред да им ги даде на своите напаѓачи. Тој потпишал и документ за да се обврзе да го плати остатокот од сумата
Соочен со оваа критична ситуација, играчот од средниот ред на „триколорите“ потоа иницираше отворање истрага за „обиди за изнуда на организирана банда“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.