Фил Фоден, Кол Палмер и Оли Воткинс ќе ги пропуштат септемвриските дуели на Англија во новата сезона во Лигата на нации, соопшти англиската фудбалска Асоцијација (ФА).

По извршените прегледи, Палмер и Воткинс се вратија во своите клубови за да го продолжат лекувањето. Фоден, исто така, нема да биде во англискиот состав поради болест.

Европскиот вицешампион Англија на отворањето на новата сезона во Лигата на нации гостува во Даблин на Република Ирска на 7 септември пред да ја пречека Финска три денови подоцна



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.