Почна пријавувањето за манифестацијата „Фудбал за сите 2024“, која ќе трае до 16 август, а која се одржува под покровителство на Општина Крива Паланка.
Ја најавуваме омилената спортска летна фудбалска дружба за најмладите „Фудбал за сите” што че се одржи во период од пет дена, односно од 19 до 23 август на градскиот стадион. Манифестацијата на едно место ќе обедини повеќе од двесте млади љубители на спортот. Оваа година манифестацијата ќе се реализира во соработка со Општински сојуз на училишен спорт Крива Паланка, информираат од Службата за комуникација на јавната администрација.
Сите дечиња на возраст од 6 до 11 години можат да се пријават за учество кај одговорните од Општинскиот сојуз на училишен спорт Крива Паланка, Жаклина Јовановска и Билјана Јовановска.
Општина Крива Паланка продолжува со низата активности со кои уште еднаш јасно се потврдува дека е град пријател на младите и спортот, посочуваат од општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.