Некогашниот голман на Вардар, Силекс, Скопје, Македонија ЃП, Охрид, Еуромилк, Дејан Костуранов, почина денеска во Србија на само 38 години.

Фудбалскиот клуб Вардар со длабоко жалење ја информира јавноста дека денес, на 38-годишна возраст почина Дејан Костуранов. Својата долгогодишна успешна кариера како голман Дејан Костуранов ја започна токму во Вардар, каде што беше дел првенствено од младинските категории.

Миленик на навивачите, засекогаш ќе остане препознатлив по посветеноста, како и професионализмот кој го красеше во текот на целата играчка и тренерска кариера. Во името на клубот изразуваме сочувство до семејството, како и до сите останати блиски пријатели на Дејан“, објави Вардар на социјалните мрежи.

Оваа вест ја потврдуваат од Фудбалскиот Сојуз на Војводина.

По завршувањето на професионалната кариера во 2016 година, Костуранов се преселил во Србија со своето семејство.

Последниот ангажман го имаше пред два дена кога на квлаификацискиот турнир во Стара Пазова, со аматерската селекција на Србија обезбеди палсман меѓу осумте најдобри селекции.

Беше и тренер на Раднички 1918 од Ратково.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.