Селекторот Роналд Куман потврди дека сака да биде на чело на репрезентацијата на Холандија на Светското првенство во 2026 година.
-Во моментов немам други намери. Мислам дека нема да можат да се ослободат од мене во моментов, изјави селекторот со шеговит тон за весникот „Де Телеграф“.
Шеесет и едно годишниот Куман информираше и за здравјето на својата сопруга која се бори со ракот на дојката.
-Нејзиното здравје е добро. Навистина е на лекување, но тоа не е причина да престанам да работам, додаде поранешниот играч на Барселона.
Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. На Евро 2024, Холандија се пласираше во полуфиналето, каде во среда во Дортмунд ќе се сретне со Англија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.