Поранешниот фудбалер на Барселона, Жерар Пике смета дека фудбалот во сегашната форма не ја забавува доволно младата публика.
– Мислам дека фудбалот, а и воопшто секој спорт треба да се стреми кон забава. Ова е потреба на денешницата. Затоа потребни се промени. Федерациите ги водат луѓе на одредена возраст кои не сакаат реформи. А младите сакаат промени, не сакаат натпревари од 90 минути каде што топката е во игра само 50 минути.
Кај многу луѓе веќе не поминуваат тричасовни тениски мечеви со прекини на секои три минути. Слично е и кај кошарката каде има многу тајм-аут… На младите им треба забава, изјави поранешниот дефанзивец на Барселона.
За тоа дека Пике е во право говорат и повеќето истражувања низ целиот свет во кои младата популација се изјасни дека сака да гледа повеќе „акција“ на спортските натпревари, а не да „губи“ време на предолги паузи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.