Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА, потврди дека Светското првенство во фудбал во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија.

 

Иако денес беше последниот ден за поднесување писма со намери до Меѓународната фудбалска федерација за организација на Светските првенства во 2030 и 2034 година, Инфантино го потврди она што практично веќе беше познато.

Што се однесува до Светското првенство во 2030 година, потврден е интересот на Мароко, Португалија и Шпанија да бидат домаќини, заедно со Уругвај, Аргентина и Парагвај.

За 2034 година одлуката падна на Саудиска Арабија, која остана единствениот кандидат по повлекувањето на Австралија.

 

Нема спорт кој го обединува светот како фудбалот. Светското првенство е совршена изложба за да се испрати порака за единство и вклученост“, напиша меѓу другото Инфантино во пораката на Инстаграм.

Фудбалот во Саудиска Арабија станува се попопуларен, а на тоа големо влијание имаше доаѓањето на ѕвезди во тамошните клубови. Таа лавина започна со трансферот на Кристијано Роналдо во Ал Наср.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.