Македонскиот фудбалер Горан Пандев објасни зошто повозрасните играчи се покажуваат во добро светло во Серија А.
– Има многу добри млади играчи во Италија и не е лесно да се освои Европското првенство победувајќи ја Англија на домашен терен. Манчини и неговиот тим испишаа многу добра страница во историјата. Но, во споредба со тоа што беше пред 20 години, кога дојдов на ова првенство, техничкото ниво е намалено. Затоа многу стари играчи како мене, Ибрахимовиќ, Киелини и Кваљарела играат толку добро, изјави Пандев.
Триесет и осумгодишниот Пандев во својата кариера во Италија има играно за Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи, Џенова.
Пандев вториот дел од сезоната 2021/22 настапува во Серија Б за Парма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.