Горан Пандев не можеше да не реагира на историската бламажа на Македонија со поразот од 0-7 од Англија синоќа на „Олд Трафорд“, како кулминација на пропаста на националниот тим, кој пред само година ипол живееше мундијалски сон, а поред две лета играше на Европското првенство.

Откако беше повикан на инстаграм стори да даде свое мислење, Горан Пандев одговори на слика на која се посочени личности меѓу кои претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и селекторот, Боби Милевски.

Најголемото зло што некогаш постоело во македонскиот фудбал, нека ни е чест на сите, напиша Пандев.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.