Горан Пандев денеска дебитираше во својот нов клуб Парма и тоа со реми без голови на незгодното гостување кај Беневенто.

Македонскиот интернационалец го одигра цело второ полувреме, но Парма не постигна гол исто како и противникот, иако и двете екипи имаа по еден поништен гол поради офсајд во првиот дел.

Пандев имаше еден сериозен обид и тоа во судиското надополнување, но неговиот удар од петнаесетина метри заврши над голот на Беневенто.

Со денешното реми, Беневенто остана на четвртото место, додека Парма падна на тринаесеттата позиција, со шеснаесет бода помалку од лидерот Лече.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.