Легендарниот играч на Црвена звезда, Дарко Панчев, е уверен дека Србија ќе се снајде добро на ова Светско првенство во Катар.

Тој предвидува тежок почеток на српската селекција, бидејќи очигледно смета дека Бразил на чело со Нејмар е вистинска сила, но верува во тимот на поранешниот соиграч Драган Стојковиќ.

За Хрватска рече дека ќе се пласираат во четвртфиналето, како победник на турнирот предвиде Бразил или Франција, а за најдобар стрелец и најдобар играч на Светското првенство ги номинираше Килијан Мбапе и Нејмар.

Но на прашањето кое ќе биде најголемото изненадување на турнирот во Доха, тој рече –

Шпанија или Србија!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.