Ниту еден клуб или играч не знае во понеделник попладне кој ја освоил „Златната топка“, изјавил еден од организаторите на најпрестижниот индивидуален трофеј во фудбалот, цитиран од светските агенции.

Тоа доаѓа откако Реал Мадрид објави дека ќе ја бојкотира вечерашната церемонија, верувајќи дека нивната ѕвезда на тимот Винисиус нема да ја добие наградата.

Сите клубови и играчи се третираат на ист начин, додал изворот, потсетувајќи на строгите правила за доверливост кои беа воведени оваа година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.