Билетите за двата завршни дуели на македонската фудбалска репрезентација во Лигата на нации ќе бидат пуштени во продажба во понеделник, објави попладнево Фудбалската федерација на Македонија.
Македонските фудбалери в четврток на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе ја пречекаат Летонија (20:45 часот), а в недела во последното коло од 15 часот ќе играат против Фарски Острови.
Цената на билетите, како што објави ФФМ, е од 200 и 400 денари.
Пред двете завршни кола во групата Ц4, македонската репрезентација е првопласирана со 10 бодови, пред Ерменија и Летонија со по четири и Фарски Острови со три бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.