Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, обелодени дека понудата од англискиот клуб била „сега или никогаш“. Аморим додаде дека неговата желба било да се пресели на Олд Трафорд, откако ќе ја заврши оваа сезона на клупата на Спортинг од Лисабон.

Манчестер Јунајтед во петокот објави дека Аморим ќе го наследи Ерик тен Хаг на испразнетото тренерско место на 11 ноември.

Претседателот на клубот може да потврди дека на почетокот на сезоната имав разговор со него и му кажав дека што и да се случи, сакам да го завршам во Спортинг. Му кажав дека оваа сезона ќе биде мојата последна во тимот.

 

Досега работите се одвиваа многу добро, но Јунајтед дојде и откако претседателот ја прифати нивната понуда, тие ја платија и откупната клаузула. Јас лично ништо не разговарав со него. Мојата единствена желба беше тоа да се случи по крајот на сезоната, но ми рекоа дека е невозможно, рекоа сега или никогаш“, изјави Аморим по вчерашната победа на Спортинг од 5-1 над Естрела во португалското првенство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.