Нов играч на женската екипа на Јувентус е Алиша Леман (25), девојката на Даглас Луиз. Доведувањето на Леман беше експресна желба на Бразилецот, кој го направи еден од главните услови за потпишување договор со торинскиот клуб. Леман ја носи титулата еден од најубавите фудбалери.

Пред Луиз, Леман беше во врска со репрезентативката Рамона Бахман (32).

Атрактивната фудбалерка често ја разбрануваше јавноста со своите изјави, па во една прилика изјави дека мажите на натпреварите на женскиот тим доаѓаат само поради една причина.

-Вистината треба да се каже. Доаѓаат да фантазираат за секс со нас девојките што  играме. Ако гледаме машки фудбал, многу девојки одат на трибините да го бодрат клубот, а не да фантазираат за секс со фудбалери – изјави Леман.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.