Познато е кои екипи од кој шешир ќе го чекаат денешното извлекување во фудбалската Лига на шампиони за главната фаза сезона 2024/25.
Шешир 1: Реал Мадрид, Манчестер сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Ливерпул, Интер, Борусија Дортмунд, Лајпциг, Барселона.
Шешир 2: Баер Леверкузен, Атлетико Мадрид, Аталанта, Јувентус, Бенфика, Арсенал, Клуб Бриж, Шахтјор, Милан.
Шешир 3: Феенорд, Спортинг, ПСВ, Салцбург, Лил, Динамо Загреб, Црвена ѕвезда, Јанг Бојс, Селтик.
Шешир 4: Слован, Монако, Спарта, Астон вила, Болоња, Жирона, Штутгарт, Штурм, Брест.
Почетокот на жрепката во Монако е во 18 часот.
Наместо досегашната групна фаза, од оваа сезона ќе има единствена лига со 36 екипи. Ќе се игра по швајцарски систем
Но е веќе не се толку важни како порано. Сега има нов систем на натпреварување.
Компјутерот ќе ги бира противниците, а Звезда ќе добие два тима за ривали од сите четири шешири. Можно е и Звезда да го извлече Динамо Загреб, кој исто така е во третиот шешир.
Ждрепката ќе започне со првиот шешир, со што ќе се доделат осум противници за сите девет екипи. Ќе продолжи по опаѓачки редослед додека на сите тимови не им се доделат осум ривали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.