Каталонскиот фудбалски гигант Барселона реши да го продаде резервниот голман Нето. Шпанските медиуми пред една седмица најавија дека Барса ќе го продаде Нето и потоа ќе тргне по потписот на Димитревски.
Фламенго е клубот што тргна во нова офанзива за потпис на бразилскиот голман, откако минатото лето не успеа да го договори неговиот трансфер.
Тогаш Барселона не сакаше да го продаде резервниот голман, но овојпат ситуацијата е поинаква, Нето зема и значително повисока плата од она што би му било понудено на Димитриевски, a добро познато е дека каталонскиот гигант има сериозен проблем со превисокиот буџет за плати што мора што поскоро да биде решен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.