Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо не е задоволен од настапот на тимот во досегашниот дел од сезоната.

Незадоволен сум од резултатите на Манчестер јунајтед. Сите сме несреќни, сигурен сум во тоа. Знаеме дека треба да работиме повеќе, да играме подобро и да покажеме повеќе отколку што покажуваме моментално.

 

Нека Новата година биде пресвртна точка на сезоната! Да ја дочекаме 2022 година во одлично расположение и силен менталитет. Да дадеме се од себе, да посегнеме по ѕвездите и да го вратиме овој клуб каде што припаѓа! Придружете ни се, ние сметаме на вас! Среќна Нова година, се гледаме наскоро – порача Роналдо на социјалните мрежи.

Во тековната сезона Роналдо одигра 15 натпревари на кои постигна осум голови и три асистенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.