Прославениот српски дефанзивец, Немања Видиќ, влегува во трска за претседателското место во Фудбалската федерација на Србија (ФСС), јави телевизијата „Спортклуб“.

Поранешниот српски репрезентативец и капитен на Манчестер јунајтед, во октомври лани изрази желба да застане на чело на ФСС, а вчерашната посета на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин на Белград, се толкува како еден од чекорите за реализација на идејата за кандидатура на Видиќ.

Според „Спортклуб“, Видиќ има поддршка од Чеферин, како и од неговиот заменик Зоран Лаковиќ.

Најавата за претседателската кандидатура на Видиќ ја поздрави и српскиот селектор Драган Стојковиќ, посакувајќи му успех со порака преку социјалните мрежи

Со среќа легендо“, порача популарниот Пикси.

Изборите за претседател на ФСС треба да се одржат пред март оваа година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.