Напаѓачот на Ал Хилал, Нејмар, ја разгледува можноста да се пресели во Реал Мадрид по завршувањето на договорот со саудискиот тим, објавија некои шпански медиуми.

Забележано е дека 32-годишниот фудбалер сонува да игра во врвен шпански клуб заедно со Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе со кои има развиено добри односи.

Нејмар му се приклучи на Ал-Хилал во август 2023 година. Сезонава одигра два натпревара. Претходно Нејмар помина една година закрепнувајќи од повредата на вкрстените лигаменти на коленото.

Договорот на Бразилецот со клубот од Саудиска Арабија е до летото 2025 година, со опција за продолжување на една сезона



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.