Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар, изјави оти сака да остане во Париз, но оти не знае какви се плановите на актуелниот француски фудбалски првак во врска со неговата иднина.

– Сакам да останам во ПСЖ. Никој од клубот не ми рекол ништо за мојата иднина. Не знам какви им се плановите во врска со мене, јас сакам да останам, изјави бразилскиот фудбалер за весникот „Л’Екип“.

ПСЖ е на подготовки во Јапонија, а Нејмар одигра во саботата половина час во второто полувреме во победата над Урава со 3-0.

Нејмар беше поврзуван со трансфер во Манчестер сити, но тренерот на англискиот првак Пеп Гвардиола демантираше дека сака да го име Бразилецот во својот тим.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.