Напаѓачот на бразилската репрезентација и Ал-Хилал, Нејмар ја коментираше повредата добиена на вчерашниот натпревар со Уругвај (0:2) во мундијалските квалификации.

На 31-годишниот Бразилец му беа дијагностицирани скинати вкрстени лигаменти и менискус на левото колено.

– Ова е многу тажен момент, најлош. Знам дека сум силен, но овој пат уште повеќе ќе ми требаат моите пријатели (семејството и пријателите). Не е лесно да се помине низ повреди и операции. Замислете дека треба да поминете низ сето тоа повторно по четири месеци закрепнување. Ви благодарам на сите за зборовите за поддршка, напиша Нејмар на социјалните мрежи.

Нејмар беше заменет со Ричарлисон на крајот од првото полувреме од натпревар одигран во Монтевидео. Тој на носилка го напушти теренот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.