Македонската фудбалска репрезентација останува на 65. место на најновата ФИФА ранг-листа објавена денес.
Во март „црвено-жолтите“ ги победија Малта и Фарски Острови, но тоа не беше доволно за прогрес во поредокот на ФИФА.
Од ривалите на Македонците во квалификациите за пласман на Еуро 2024, најдобропласирана е Англија која е на 5. место. Италија е на 8. позиција. Украина се наоѓа на 30. место, додека Малта е на 172. место.
Лидер на ФИФА листата е Аргентина пред Франција, Бразил и Белгија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.