Дваесетгодишниот голман на нисколигашкиот босански клуб Младост од Домаљевац Мато Матиќ починал еден ден откако бранел за својата екипа.

Црно утро над нашето село. Искрено сочувство до неговото семејство и сите кои го познаваа. Еден млад живот не треба да заврши на ваков начин. Мато во последната година се посвети на некои повисоки цели, академијата и полициската униформа, но продолжи да го дава максимумот на фудбалскиот терен. Навивај за нас од некое друго, подобро место, биди спокоен и мирен, се вели во објавата на клубот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.