Пол Мичел ѝ стана познат на пошироката јавност кога во 2019 година на дербито во Бирмингем меѓу локалниот Сити и Астон Вила истрча на теренот и одзади го удри англискиот репрезентативец Џек Грилиш.
Капитенот на гостите на тој меч во меѓувреме се пресели во Манчестер Сити, а Мичел поради својата глупост мораше да одлежи 14 недели затвор.
Покрај тоа, тој мораше да плати парична казна од 350 фунти, а исто така му беше забрането да присуствува на фудбалски натпревари во Велика Британија во следните 10 години. Бирмингем Сити му забрани доживотно да оди на својот стадион.
Денеска се појави вест дека Мичел е пронајден мртов. Засега нема детали за смртта на 32-годишниот Англичанец, кој зад себе остави три деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.