Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти е разочаран од исход на натпреварот од 26. коло на шампионатот на Шпанија синоќа против Барселона (1:2).

 

– Одигравме добар натпревар и заслуживме да победиме. Постои дилема за нашиот поништен гол. На крајот од натпреварот пробавме се, но ја загубивме концентрацијата. Многу добра игра. Натпреварот беше рамноправен и конкурентен до самиот крај. Се беше решено во деталите. Уште еднаш ќе кажам имам сомнежи за поништениот наш гол. Ќе се бориме до крај за победа во првенството, изјави Анчелоти  за „АС“.

Во 81. минута при резултат 1:1 гол постигна Марко Асенсио, но главниот судија со помош на ВАР го поништи голот поради офсајд.

 

По овој натпревар, Барселона со 68 бодови го зазема првото место во поредокот, Реал е втор со 56



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.