Жозе Мурињо го врати прстенот добиен од фудбалерите на Рома по освојувањето на Лигата на конференции минатата сезона. Португалскито фудбалски стручњак верува дека играчите на Рома го изневериле.

Да потсетиме, римскиот клуб го отпушти Мурињо од тренерската функција на 16 јануари. Португалецот е во тимот од 2021 година и ја освои Конференциската лига.

Како што пренесува „TuttomercatoWeb“, повикувајќи се на „Il Messaggero“, тренерот се чувствувал предаден од неговите играчи и клубот, кој веднаш го назначил Даниеле де Роси за негова замена.

Мурињо прстенот го остави во шкафчето на капитенот на тимот Лоренцо Пелегрини. Ова е силен гест да се нагласи дека се чувствувал предаден од тимот и неговите играчи. Според тренерот, фудбалерите не се однесувале како мажи и ја одобрил одлуката на клубот да го отпушти.

Пелегрини, заедно со другите соиграчи, се обиделе да му објаснат на Мурињо дека не знаеле за намерите на Фридкинс



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.