– Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова потпиша за Ал Шабаб од Саудиска Арабија.
– Навистина сум почестена и возбудена што можам да објавам дека потпишав договор со Ал Шабаб. Привилегија е да се приклучам на еден од најценетите фудбалски клубови во Саудиска Арабија. Оваа можност означува значајна пресвртница во мојата кариера и јас сум желна да придонесам за континуираниот успех на тимот.
Сакам да им се заблагодарам на сите во Ал Шабаб за нивната доверба и верување во моите способности. Посветена сум да дадам се од себе на теренот и да му помогнам на клубот да ги постигне своите цели. Со нетрпение очекувам да работам со моите нови соиграчки, да учам од стручниот штаб и да се поврзам со неверојатните навивачи.
Ви благодариме за оваа прекрасна можност. Заедно, ќе целиме кон величина! – напиша Андонова на социјалните мрежи.
Македонката во Ал Шабаб доаѓа од Леванте, Шпанија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.