Ливерпул постигна договор за условите на голманот на Валенсија, Гиорги Мамардашвили, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.

Според Романо, 23-годишниот голман на грузиската репрезентација е подготвен да се пресели во таборот на „Црвените од Енфилд“, дури и ако треба да ги помине следните сезони на позајмица во други клубови.

Забележано е дека Ливерпул се уште не се договорил за трансферот со Валенсија.

Мамардашвили игра за Валенсија од јануари 2022 година. За шпанскиот тим одигра 100 натпревари, прими 112 гола и ја зачува 31 пат мрежата „чиста“.

Со евентуалното заминување на Мамардашвили, во Валенсија се отвора можност македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски да биде прв голман



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.