Насер Ал-Хелаифи катарскиот бизнисмен и претседател Пари Сен-Жермен, не го криеше задоволството од одличната организација на Светското првенство 2022.

Многу сум горд. Покажавме дека Катар може да го организира најдобриот турнир во светот, на сите им покажавме на што сме способни. Тоа според мене беше најдоброто финале во историјата на Светските првенства, изјави претседателот на ПСЖ по финалето на Мундијалот во Катар.

Претходно, и претседателот на ФИФА Џани Инфантино, Светското првенство во Катар го оцени како „најдоброто во историјата“.

Живеевме и дишевме фудбал за време на овој настан, рече Инфантино.

Светското фудбалско 2022 се играше од 20 ноември до 18 декември во Катар и заврши со триумф на Аргентина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.