апитенот на Аргентина, Лионел Меси, изјави дека нема да ја заврши својата репрезентативна кариера по освојувањето на Светското првенство 2022.

– Нема да ја завршам кариерата во репрезентацијата. Сакам да играм во репрезентацијата на Аргентина како светски шампион, изјави Меси за „TyC Sports“.

Меси беше прогласен за најдобар играч на финалниот натпревар на Светското првенство во Катар.

Во вечерашното финале Меси постиган два гола, а се запиша во листата на стрелците и во пенал-серијата.

Аргентинскиот напаѓач беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство во Катар.

Триесет и петгодишниот фудбалер учествуваше на сите седум натпревари на својот тим. Мундијалот 2022 го заврши со седум гола и три асистенции.

Репрезентацијата на Аргентина по трет пат во историјата стана победник на Светското првенство



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.