Во најемотивното интервју дадено за неговиот 50-ти роденден за „Газета дело спорт“ Михајловиќ проговори за детството во Вуковар, трофеите што ги освоил, војната во пораешна Југославија, познанството со Аркан….

ЗА МАЈКАТА

Мајка ми сè уште ме гледа со истите очи како кога бев дете. Таа не зборува италијански, моите деца не зборуваат добро српски. Но, секогаш кога ќе не посети во Рим, ја гледам како ги гледа и сфаќам дека љубовта нема потреба од зборови.

ЗА ЖИВОТOT

Побелев, косата ми се проретчи. Понекогаш ја чувствувам енергијата на маж кој е 20 години помлад, а понекогаш се чувствувам како да имам 150 години поради сето она низ кое сум поминал. Младост во Србија, кариера, Италија, градови, шест деца, сиромаштија, успех, благосостојба. Но и две војни, рани, солзи… Денес, кога ќе се навратам, можам да кажам: Синиша, колку животи си живеел.

ЗА AРКАН

Од некрологот за Аркан, кого го познавав пред војната, за мојата осуда на неговите злосторства и за тоа што тој во тој момент им претставуваше на Србите, многупати сум зборувал. Мора да поминат две генерации пред да можеме да судиме што се случи. Тоа беше поразително за сите. Што кажувам јас, може да каже и Хрват и Босанец. Го доживеавме лудилото на историјата.

ЗА ВУКОВАР

Роден сум во Вуковар, кој за мене беше најубавиот град на светот. Потоа стана симбол на војната. Се вратив по 25 години.Сè беше срамнето со земја. Не можев да се согласам. Само скелети од згради, натрупани за да создадат ровови. Птиците не летаа, немаше кучиња.

ЗА ВОЈНАТА

Сите војни се одвратни, но братоубиството што го доживеавме во поранешна Југославија е најлошото што може да се случи. Пријатели кои пукаа меѓу себе, скршени семејства. Видов како мојот народ падна, градовите беа уништени, сите беа убиени. Мојот најдобар пријател ми го уништи домот. Вујко ми, Хрват и брат на мајка ми, сакаше да го убие татко ми Србин со зборовите „ќе те заколам како свиња“. Аркан го најде и сакаше да го убие, но потоа го најдоа мојот телефонски број во неговиот мобилен телефон и тоа му го спаси животот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.