Најдобриот дефанзивец во Серија А за минатата сезона, Бразилецот Глејсон Бремер, од Торино ќе направи трансфер во редовите на градскиот ривал Јувентус за сума од 40 милиони евра плус седум милиони евра во бонуси во зависност од постигнатите резултати.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус ги договорил условите за трансферот, со што преостанува Бремер да ги мине задолжителните медицински прегледи.

Претходно, најблиску до потписот на бразилскиот дефанзивец Бремер беше Интер, но во трката се вклучи Јувентус, кој обезбеди многу пари со продажбата на Матијас де Лихт, инкасирајќи 80 милиони евра од неговиот трансфер во Баерн Минхен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.