Ирецот Пол Мекграт беше стандарден дефанзивец на Манчестер Јунајтед во осумдесетите, но со доаѓањето на легендарниот Алекс Фергусон работите во клубот драстично се сменија бидејќи легендарниот Шкотланѓанец не можеше да ги поднесе неговите испади надвор од теренот.

Мекграт беше одличен фудбалер, но поради проблеми со алкохолот и коцкањето кариерата почна да оди надолу. Неговиот лош карактер не можеше да го толерира легендарниот Фергусон, па реши да се ослободи од него.

Ирецот откри дека славниот Шкотланѓанец му понудил огромна сума на пари за да го напушти клубот.

„Ме повика во својата соба и ми рече дека сака да престанам да играм фудбал. размислувајќи сериозно да ја прифатам понудата, тогаш тоа беше огромна сума на пари. Разговарав со соиграчите и на крајот решив да останам да играм“, откри Фергусон 35 години подоцна.

 

Контроверзниот дефанзивец два пати се обиде да си го одземе животот. Во сезоната 1989/90. си ги пресекол вените. Тој се опорави и се врати на теренот и си играше со завои кои му ги покриваа раните.

Вториот пат испил чаша полна со средство за чистење. Набрзо сфатил дека згрешил, па испил огромно количество вода пред да оди во болница. Лекарите биле зачудени бидејќи неговите внатрешни органи немале сериозни оштетувања.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.