Ѕвездата на Интер Мајами, Лионел Меси не ја отфрли можноста да игра на Светското првенство 2026 година во Северна Америка.
-Го сакам фудбалот. Неодамна бев на преполн стадион каде што го скандираа моето име и имињата на моите соиграчи. Поминав низ доста тешки моменти со репрезентацијата и благодарен сум за тоа што се случува сега. Ги користам овие моменти, затоа што знам дека времето истекува, Се трудам да уживам во секој ден. Ќе дојде време – ќе видиме што точно ќе се случи, не сакам да брзам. Се надевам дека ќе можам да настапувам на исто ниво, да се чувствувам добро и да бидам среќен. Ова е поважно за мене, изјави 37-годишниот капитен на аргентинската репрезентација, цитиран од весникот „Марка“.
Поранешниот играч на Барселона и Пари Сен Жермен стана шампион со составот на „гаучосите“ на Светското првенство во Катар 2022 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.