Ерлинг Халанд е една од најдобрите, ако не и најдобрата „деветка“ во светот во моментов. Се зборуваше дека Норвежанецот може да бара нов предизвик, но сепак ќе остане на „Етихад“.

Барселона беше заинтересирана за Халанд и веќе некое време Каталонците смислуваат финансиски план како да го привлечат најдобриот стрелец на Манчестер Сити да дојде во Каталонија, но се чини дека (засега) немаат решение.

Халанд и оваа сезона е во голгетерска форма. На вкупно 12 натпревари за Манчестер Сити, тој постигна дури 14 гола и продолжи таму каде што застана минатата сезона. Поради оваа причина, сега приоритет на Сити е да го продолжи договорот со Норвежанецот, а преговорите се започнати.

Халанд на „Етихад“ пристигна во 2022 година и оттогаш во дресот на тимот од синиот дел на Манчестер постигна 103 гола на 110 натпревари.

Според информациите со кои располагаат британските медиуми, на Халанд би му бил понуден договор до 2030 година.

Актуелниот му трае уште три години



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.