На иницијатива на градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски и претседателот на Советот на општината Дејан Митески, фудбалскиот клуб Вардар ќе добие нов спортски терен во општината, каде што ќе може да ги одржува подготовките, натпреварите и тренинзите.
Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна информираше дека одржал средба со навивачката група „Комити“, која од неодамна е и сопственик на клубот, a притоа потенцираше дека на истата се разговарало за иницијатива поврзана со спортскиот терен лоциран во непосредна близина на СЦ „Јане Сандански“.
ФК Вардар е име кои има долга традиција, гордост на Македонија и македонскиот спорт, а ние на ваков начин даваме силна и недвосмислена поддршка за клубот. Oчекувам по завршување на соодветната законска постапка, овој спортски терен да биде ставен на располагање за потребите на навивачите и клубот. Да го поддржуваме македонскиот спорт и да се радуваме на нови успеси!“, пишува Муцунски во својата објава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.