Жозе Мурињо одбил да ја преземе селекцијата на Португалија, дознава „Jornal de Noticias“. За Португалската фудбалска федерација (ФПФ), Мурињо беше првиот избор за наследник на Фернандо Сантош, кој доби отказ по елиминацијата од Мароко во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

Сепак, трофејниот португалски стручњак не може да работи со националниот тим во моментов. Договорот на Мурињо со Рома е до летото 2024 година и тој има намера да го исполни до крај.
Неодамна Мурињо се споменуваше и како кандидат за селектор на Бразил, но по одлуката да се посвети на Рома, веројатно ништо нема и од тоа.

Како кандидат за селектор на Португалија сега се споменува Руи Жорге.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.