Поранешниот југословенски и српски репрезентативец и фудбалски тренер почина на 54-годишна возраст од леукемија, тешка болест со која се бореше со години.

Во младоста играше за Војводина, а се прослави играјќи за Црвена звезда со која ја освои Лигата на шампионите. Играше како либеро и беше познат по одличните слободни удари. По Звезда замина во Италија, каде што играше за Сампдорија, Лацио и Интер.

Во Италија постигна 28 гола од слободни удари, што и денес е рекорд.

Тој е познат и по тоа што постигна хет-трик од слободни удари на еден натпревар во 1998 година. Тогаш играше за Лацио, а против Сампдорија. До денес никој не го повторил неговиот успех.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.