Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски, повеќе не е шеф на стручниот штаб на Горица, откаско претседателот на клубот Ненад Чрнко го разреши од функцијата тренер и спортски директор на тимот.
Одлуката за прекин на соработката е донесена по вчерашниот пораз во 16. коло на хрватскиот шампионат против Истра.
Сакаме да му се заблагодариме на досегашниот тренер за соработката во неполни три месеци кои ги помина на клупата на Горица, стои во соопштението на клубот.
Во него се додава дека Горица до понеделник ќе ја информира јавноста за назначувањето на нов тренер.
Ангеловски ја предводеше Горица десет натпревари и не успеа да забележи ниту една победа. Хрватскиот клуб под негово водство забележа само два нерешени резултата и осум порази.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.