Хрватската ѕвезда на Реал Мадрид, Лука Модриќ, неочекувано е во посета на Белград, Србија, каде што ќе бара решение за мускулната повреда која ќе го оддалечи од терените неколку недели кај докторката на Новак Ѓоковиќ.

Модриќ бил виден во Чукарички во еден ресторан, но причината за посетата не е прошетка низ српската престолнина, туку Хрватот се обидел проблемот со повредата до реши токму тука. Како што е познато Модриќ е повреден, а сега спасот се обидел да го најде во познатата докторка Маријана Ковачевиќ која во претходните години лекуваше многу познати спортисти.

Хрватскиот играч за врска го одигра натпреварот во вторник против Жирона кој Реал го загуби со 4:2. На таа средба го повреди и мускулот на ногата. Модриќ не беше во составот во вчерашната победа на „кралевите“ против Алмерија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.