Младиот македонски фудбалски тренер, Димитрија Лзаревски, почнува да работи во шведскиот клуб ГАИС од Гетеборг.

Станува збор за еден од најстарите клубови во Шведска, којшто е еден основачите на најелитната лига во Земјата – Алсвенскан. ГАИС е и прв шампион во лигата, а има вкупно четири национилни титули.

Лазаревски (40) ќе биде дел од фудбалската Академија на клубот и ќе работи со фудбалери до 17 години. Договорот на Лазаревски со ГАИС е со траење до декември 2023 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.