Мирлинд Даку, фудбалер од Албанија, се здоби со популарност на Европското првенство во Германија, не поради неговите фудбалски вештини, туку поради расистичките и шовинистички изливи на омраза.
По мечот меѓу Албанија и Хрватска (2:2), тој го зеде мегафонот и водеше хор од навреди кон Србија и Македонија, навредувајќи ги двете нации.
Тренерот на Рубин Казан Рашид Рахимов вели дека фудбалерот се чувствува добро.
Даку е добро. Момците разговараа со него, разбираме дека се случуваат такви ситуации, го видовте и Демирал од Турција. За жал, денес фудбалот е измешан со политика – рече Рахимов.
Искусниот стратег откри што му рекол на албанскиот фудбалер.
Работата на играчот е да го одвои фудбалот од политиката. Му реков на Даку, сега треба да се фокусира на фудбалот – додаде тренерот на Рубин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.