Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски кој го постигна единствениот гол, на денешниот меч смета дека „рисовите“ прикажале солидна игра против незгодниот противник.
„Задоволен сум од настапот во групата. Фарските острови дојдоа по победата во Ерменија со голема самодоверба. Но, ние бевме стрпливи и смирени и ете дојде таа шанса која ја реализирав за победа. Сите сме горди што го носиме националниот дрес, сите сме заслужни за првото место и рекордите. Имаме одлична атмосфера и верувам дека и во иднина ќе се радуваме заедно.
Кога се игра за репрезентацијата чувството е различно. Овој гол ќе ми даде поголема самодоверба за настапите во Џирона“, рече Миовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.