Стрелецот на два од четиритте гола на натпреварот против Грузија, Бојан Миовски, по мечот изјави дека е горд и среќен што успеа да постигне два гола на Националната арена во Скопје.

„Добро го почнавме дуелот. Уште во 3. минута погодивме, а потоа беше се полесно за нас. Во второто полувреме имавме доста измени, малку падна играта, но задоволни сме со резултатот и победата. Да се постигне гол за националниот тим е најубавото чувство кое може да го почуствува секој фудбалер. Среќен сум поради двата гола, но и победата на Македонија. Се додека математички имаме шанси ќе се бориме. Ние ќе дадеме се од себе да ги победиме тие два меча и да се надеваме на уште некој кикс на Грузија“, вели нашиот голгетер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.