Селекторот Благоја Милевски има големи очекувања во Лигата на нации а тоа е Македонија да го освои првото место во групата Ц4.
„Ако во претходните циклуси бевме во групи кои реално сакавме да ги избегнеме, овој пат тоа не е случај. Во денешниот фудбал нема фаворити. Посакувам само да бидеме здрави. Имаме минати дуели со сите селекции во групата, јасно е дека имаме и позитивни и лоши искуства со овие противници. Мораме да бидеме целосно фокусирани. Да имаме вистински пристап против секој противник. Ерменија ја победивме на последниот меч на гости со 5-0, но да не заборавиме дека таму имаме и пораз од 0-4. Фарски Острови и Латвија влегуваат со свои пресметки и очекувања“, кажа селекторот Милевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.