Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада селекцијата на Фарски Острови со 1:0. Селекторот Благоја Милевски е задоволен од настапите во групата од Лигата на нации, но смета дека има простор за напредок.

Знаевме дека не очекува уште потежок натпревар од оној со Летонија пред неколку дена. Сите наши фудбалери заслужуваат максимална почит од сите нас. Исто така заслужуваат нормални услови за игра. Овој терен не е пружа нормални услови. Апел до надлежните да се позанимаваат со ова прашање. Што се однесува до нашата репрезентација, ние бевме во фаза на подмладување, го правевме тоа во од. Можам да кажам дека формиравме тим од комбинација на искусни и млади фудбалери со голем потенцијал. На добар пат сме, но има уште простор за напредок, изјави Милевски.

Македонија со 16 бодови го освои првото место, втора е Ерменија со 7, Фарски Острови се трети со 6 бода, Летонија е последна со 4 бода.

Македонија во следното издание на Лигата на нации ќе игра во Б-сегментот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.