Фудбалерот на Баерн, Томас Милер реагираше на неодамнешните лоши резултати на тимот во Бундеслигата. Екипата од Минхен вчера, загуби од Бохум (2:3) во натпреварот од 22. коло на германскиот шампионат.
– Тешко е да се најдат вистинските зборови за да се опише како се чувствуваат играчите на Баерн. Треба да направиме чекор напред, дури и ако сега изгледа многу тешко, го цитира Милер „Bayern & Germany“ на социјалната мрежа Икс.
Поразот од Бохум беше втор за Баерн во низа во германскиот шампионат и трет во низа во сите натпреварувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.